Апел за помош на Дарио Павлов кој има потреба за третман на ‘рбетниот мозок

 

До сега донирано:

€0/€30.000

ПОМОГНИ МУ НА ДАРИО:

14 годишниот Дарио Павлов од Кочани верува дека македонската јавност ќе се крене на нозе и ќе му помогне да ја преброди тешката болест.

Пред две години на ова момче му било дијагностицирано ецефалитис трансферзален миелитис познато и како воспаление на рбетниот мозок.

Болеста предизвикала целосна парализа на десната нога и неговата состојба се влошува од ден на ден. При што за да се отстрани воспалението од ‘рбетниот мозок кој може да предизвика дополнителни последици потребно е пресадување на матични клетки.

Семејството Павлови од Кочани ги моли сите хумани граѓани ако се во можност да донираат за помош на 14-годишниот Дарио чиј живот одеднаш се сменил со дијагностицирањето на болеста енцефалитис – трансферзален миелитис, која направила компликација и предизвикала воспаление на рбетниот мозок.

Тоа пак, предизвикало целосна парализа на десната нога и изнемоштена болка што се влошува и зголемува секојдневно.

Секоја донирана сума е добредојдена бидејќи третманот треба да започне во септември и ќе биде од голема корист за него и неговото семејство.

Затоа семејството Павлови ги моли сите хумани граѓани колку се во можност да му помогнат на Дарио да ги собере потребните средства за лекувањето кое треба да му овозможи нормално да се движи и среќен да го продолжи детството.

За да се излечи Павлов треба да добие третман во Грција кој што чини 30 илјади евра а третманот треба да почне овој септември.

Дарио Павлов: 370 906 308 044 425

Еуростандард Банка АД Скопје 

T-Mobile: 143 – 105

VIP: 143 – 461 .

Преземање на содржините на Alalives е дозволено ЕДИНСТВЕНО за хуманитарни цели, со поставување на активен линк од страната од која е преземана содржината.
Сите права се задржани.